Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со Резидентниот координатор на Обединетите Нации во Република Македонија Росана Дуџиак денеска во холот на МНР ќе ја потпишат новата Рамка за соработка за одржлив развој (UNSDCF) за периодот 2021-2025.

Потпишувањето на Рамката, како што посочија од МНР, симболички се совпаѓа и со Денот на ОН, 24 октомври и 75-годишнината од основањето на Организацијата на Обединетите Нации.