Министерството за здравство информираше дека вчера се направени вкупно 1901 тестирање.

Од нив во приватните лаборатории се направени вкупно 1.125 односно во: Авицена-511, Биотек-229, Жан Митрев (Филип Втори) -93, Систина со PCR метода -139 , лабораторија Лаор –121 и Синлаб-32.

Според грубата математичка цена, имајќи го во предвид фактот дека тестовите во приватните лаборатории кои граѓаните ги плаќаат со сопствени приходи чинат околу 4.000 денари, значи дека во последните 24 часа овие 6 лаборатории инкасирале околу 4.500.000 денари односно нешто повеќе од 73.000 евра.

Ако се земат официјалните податоци од изминатата недела почнувајќи од понеделникот па се до вчера, средствата кои ги инкасирале приватните лаборатории се следни:

Во понеделникот биле направени вкупно 341 тест (Биотек-29, Жан Митрев (Филип Втори) -158, Систина со PCR метода -154) што во превод значи дека лабораториите на 19.10.2020 инкасирале над 22.000 евра.

Во вторникот сумата е речиси за четири пати повисока, односно за направени 1326 тестови граѓаните вкупно платиле нешто повеќе од 86.000 евра. (Авицена-436, Биотек-340, Жан Митрев (Филип Втори) -277, Систина со PCR метода -185, лабораторија Лаор –36, Синлаб-52)

Во средата и четвртокот направени се вкупно 5.322 тестови од кои повеќето од половината биле направени во приватните лаборатории односно, граѓаните платиле 2,894 тестови по цена од 4.000 денари (Авицена - 1264 Биотек-488, Жан Митрев (Филип Втори) -533, Систина со PCR метода -318, лабораторија Лаор –119, Синлаб-172.)

За овие два дена приватните лаборатории инкасирале над 188.000 евра.

Во петокот, кој беше неработен ден 1246 тестови биле платени на приватно ) Авицена-496, Биотек-271, Жан Митрев (Филип Втори) -210, Систина со PCR метода -136 , лабораторија Лаор –77, Синлаб-56) што пресметано во пари значи дека лабораториите наплатиле околу 81.000 евра додека во саботата за направени 548 тестови (Авицена-225, Биотек-107, Жан Митрев (Филип Втори) -114, Систина со PCR метода -102 ) наплатени се над 35.500 евра.

Ако се соберат сумарните бројки за изминатата недела односно од понеделник до недела (19.10.2020-25.10.2020 година) граѓаните платиле околу 485.500 евра, пари кои се слеале во 6 приватни лабаратории, меѓу кои поголемата сума во 4 од нив.