Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил ја коментира актуелната ситуација со ковид кризата во Македонија.

- Наместо власта да се препукува со опозицијата и бара виновници за сопствената неспособност, да предлага закони без мерки за заштита од Ковид, да ја забошотува катастрофата со заразата, нека ги засука ракавите и нека проработи системот кој моментално е трул до последната штица.

Ако имаа грам одговорност ќе летаа оставки, наместо ветувања за некое подобро утре кое никако не доаѓа. Ги нема денес наконтени на безначајни прес конференции, го нема ниту премиерот да ни каже дека ја победиле заразата која денес поразува, го нема ниту Караџовски да ни каже дека сѐ е под контрола, затоа што ништо не е под контрола. И не се само заразените, туку и високиот процент на починати кој покажува сериозни слабости во нашето здравство.

Македонија се соочува со национална катастрофа, а поопасно од нејзе е само неспособноста на мафијата закотвена во владата, вели Мицкоски.


Администратор
22/10/2020 01:41