Раководството на Југохром се иззема ододговорност за шествалентниот хром кој се излева од депонијата на Југохром во Јегуновце веднаш до коритото на Вардар.

Потврдуваат дека е канцероген но колку е силен велат не е нивна работа да оценувале, туку само да се погрижеле да се процесуира како што треба. Тврдат дека таложењето на опасниот хром трае половина век. Но до сега, освен од време на време што реагираат еко-здруженијата реално на терен ништо не се прави.

-Факт е дека шествалентниот хром е канцероген, во колкави количини и како контаминира тоа сепак ќе каже некој друг.Наша задача е да ги прифатиме тие отпадни води, да ги пречистиме и пуштиме.Тоа не е обврска на Југохром, тоа е историски отпад, но постројката се наоѓа во кругот на фабриката и ние ја сервисираме и помагаме околу работата на самата постројка, изјави Славко Стојчески-Технички директор на Југохром

Жителите на Јегуновце пак имаат друга мака. Откако фабриката 4 години не работи, селото се изпразнило оти луѓето немале егзистенција. Илјадници луѓе претходно работеле таму. За нив загадувањето не било проблем, но сега немањето работа ги плаши многу, многу повеќе. Југохром се затвори откако не успеаја преговорите со надлежните за пролонгирање на рокот за поставување филтри-услов кој требаше да се исполни за комбинатот да продолжи да работи.