Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат извршија вкупно 1.180 контроли, од кои 538 инспекциски надзори се спроведени согласно материјалните закони по кои оваа инспекциска служба постапува меѓу кои се и Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност...( Закон за градежни материјали; Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето). Дополнително пазарниот инспекторат изврши 642 контроли по основ на здравствените Протоколи за работа на угостителски објекти.
При овие надзори, од страна на Државните пазарни инспектори изречени се вкупно 24 прекршочни пријави за нерегистрирана дејност, пречекорување на работно време и слично, како и 7 кривични пријави за угостителски објекти од кои 2 кривични се за организирање на свадби во Тетово и Скопје, и уште 5 кривични пријави за угостителски објекти во Скопје кои не ги почитувале протоколите во смисла на дозволено растојание помеѓу поставените маси, број на маси и слично. Дополнително, изречени се 52 решенија и 76 прекршочни платни налози за различни субјекти на територијата на целата држава.