Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска се сретна со амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј.

Како што соопштија од МИОА, на средбата, министерот Шаќири изрази задоволство од успешната соработка меѓу Британската амбасада и Министерството за континуираната поддршка во процесот на реформа на јавната администрација, со оглед на тоа што британската експертиза и помош, се вели, се од исклучително значење.

Воедно, се додава, беше изразена благодарност за британската поддршка и во процесот за развивање на електронски услуги, непосредно или преку други партнери и невладини здруженија, како и за поддршката во однос на стручното усовршување на вработени од МИОА, за сајбер безбедност.

-Министерот Шаќири и амбасадорката Галовеј се согласија дека меѓусебната успешна соработка ќе продолжи и понатаму со конкретни чекори, со цел овозможување професионална администрација која ќе работи транспарентно и професионално и ќе биде вистински сервис на граѓаните, стои во соопштението.


Администратор
21/10/2020 15:53