Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе се обрати на свеченоста по повод промоцијата на потпоручници и заклетвата на питомци од Воената академија. Настанот ќе се одржи во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

Од Министерството информираат дека на свеченоста, заклетва ќе дадат 40 питомци од 24. класа на Академијата кои ќе го започнат военото образование. Од нив, 25 се од Македонија, 8 од Црна Гора, 6 од Босна и Херцеговина и 1 од Косово.

– Во првиот офицерски чин, потпоручник, ќе бидат промовирани 27 питомци од 20. класа кои го завршуваат своето воено образование на Академијата. Од нив, 19 се од Македонија, 3 од Црна Гора, 4 од Босна и Херцеговина и 1 од Косово, се наведува во соопштението.