Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по завршувањето на протестите на опозицијата во седум града во Република Македонија, порача дека политичкиот прогон против неистомислениците со власта мора веднаш да запре.

- Овој политички прогон мора веднаш да запре, знаеме дека се случува поради немоќта на власта. Таа е исплашена дека за многу скоро ќе дојде тој ден кога ќе се соочи лице во лице со чистата и јасна правда, меѓутоа ова што му го прават на македонскиот народ, тој нема да го заборави и ќе ги казни час поскоро, истакна Мицкоски.