САД воведуваат санкции кон компаниите кои обезбедуваат услуги или капацитети за надградба или инсталирање на опрема за бродови за поставување на гасоводот Северен поток 2.

На сајтот на Стејт департментот се наведува дека таквите активности подлежат на санкции според ПЕЕСА (Европски закон за заштита на енергетската безбедност 2019).

САД, поддржани од Полска, балтичките држави и Украина, долго време се обидуваа да ја блокираат изградбата на гасовод за пренесување на руски гас преку Балтичко Море до Германија.

Во декември 2019 година, заканата од американски санкции ја принуди швајцарската компанија „Олсис“ (Allseas), специјализирана за поставување цевководи, да се откаже од проектот, оставајќи само околу 160 километри до завршувањето на гасоводот. Сега Русија сама го комплетира Северен поток 2.

Претходно, американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД градат коалиција против гасоводот Северен поток 2.


Администратор
20/10/2020 23:09