Во есенската акција во централното градско подрачје на Македонска Каменица што го спроведе ВСЦ „Тодор Ангелов“ од Куманово, биле заловени 17 кучиња скитници.

– Ова е втора спроведена акција. Понатаму кучињата скитници ќе бидат третирани со вакцинација и кастрација, по што ќе бидат сместени во стандардизирано прифатилиште – соопштија општинските власти.

Оттаму истакнуваат дека во изминатиот период имале пријавено неколку случаи на труење на кучињата, заради што апелираат до граѓаните да не преземаат ризик по сопственото и јавното здравје.

– Службите навреме ќе ја завршат работата, заради што нема потреба од несакани дејствија – потенцираа од локалната самоуправа.


Администратор
20/10/2020 16:22