Не е вината само кај граѓаните, олабавени се и опуштени кон мерките, оти такви се и надлежните,порачуваат здравствените работници.
-Сите би требало да се ангажираат, не само градоначалниците, туку и пратениците и сите. Да сватат дека ова е озбилна состојба и не е шала, да не чекаат дома да им се случи нешто во фамилија, па да речат, да еве вистина било дека се умира од овој вирус, вели за Алфа специјалистот по хигиена и здравствена екологија Џавид Фејзулаи.
Тој конкретно го вперува прстот во тетовската локална власт која демонстрираше посветеност можеби на почетокот од кризата. Сега кога состојбата е алармантна тетовскиот кризен штаб, после цели два месеци се состана пред само неколку дена, а јавноста разбра за тоа преку социјалните мрежи.