Следната недела се очекува да биде објавен оглас за вработување на албанци во администрацијата, велат партиски извори од ДУИ, а пренесува албанскиот медиум „Лајм“

Конкурсот кој што се подготвува, предвидува вработување на вкупно 800 административци, од кои 640 ќе бидат Албанци, а 160 од други етнички заедници, велат извори од ДУИ за весникот „Лајм“.

Сега ни е полесно. Првиот вицепремиер е од редовите на ДУИ, Артан Груби, министерот за финансии е наш, Фатмир Бесими. Ќе има повеќе вакви конкурси за постигнување адекватната застапеност“, најавуваат од ДУИ, објавувајќи ги овие долго очекувани информации од јавноста, особено од младите кои штотуку дипломирале, пишува Лајм.