По пишувањата на Антонио Милошоски дека во „напредна“ фаза се преговорите за Гоце Делчев помеѓу Македонија и Бугарија и дека Заев и Борисов на 11 ноември при средбата во Софија ќе ја финализираат конечната формулацијата за ликот и делото на Делчев, со реакција на социјалните мрежи излезе и Владимир Милчин.
- Делчев се борел за Македонија, а роден е во Кукуш (Егејска Македонија).
Патем, Кукуш е град со унијатска традиција. Кај се “изгуби” писмото од кукушани до папата во кое бараат помош и заштита од православните “браќа”?
И уште еднаш: Заев нема мандат да ја прекројува историјата. Делчев се борел и загинал за Македонија! Неговата борба е македонска! А неговиот живот е борбата! За смртта уште не е јасно чија е!
Борисов би требало, следејќи го примерот на Вили Брант, да дојде овде и да се поклони пред жртвите на бугарската окупаторска власт. Во Музејот на холокаустот за 7.133 македонски Евреи испратени во Треблинка и барем на Могилата на непобедените во Прилеп.
Македонија нема за што да се извинува на Бугарија, но Бугарија има! А Заев нема мандат ниту за капитулација, ниту за амнезија!, коментира Милчин на социјалните мрежи.