Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот фејсбук профил пишува дека според дипломатски извори се разговара на конкретна дефиниција за ликот и делото на Гоце Делчев, при што тој ќе биде дефиниран како македонец во регионална смисла на зборот а во етничка смисла ќе биде Бугарин.
- Дипломатски извори во МНР споделуваат дека последниот предлог на официјална Софија е дека премиерите Заев и Борисов за време на предвидената средба на 11ти ноември во Бугарија би требало да се согласат на следнава дефиниција за Гоце:
"Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија".
(Оваа дефиниција потоа би се применила и на многу други историски личности, како Даме Груев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Панко Брашнаров, Киро Глигоров и други)
Веројатно ова е една од причините зошто Заев одбива и собраниска и политичка-лидерска дебата околу националните позиции на Македонија во однос на договорот за добрососедство со Бугарија, пред закажаната посета на Софија, вели Милошоски.