Заменикот на вицепремиерот Артан Груби, Илхан Рахман на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот.
- Сакам да Ве известам дека покрај сериозното почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19, после благите симптоми од покачена телесна температура резултатот на вчерашното мое тестирање е позитивен. Што покажува дека не сум успеал доволно да се заштитам. Апелирам до сите максимално и константно да се придржуваат на протоколите и мерките за заштита, порача Рахман.
Засега нема информации дека Артан Груби или некој друг член во Владата или вработен во Владата ќе оди во самоизолација поради позитивниот тест на заменикот, Илхан Рахман.