Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 12, а дневната од 15 до 22 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 19 степени.

Следува период на стабилно време. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Наутро по котлините во средината на неделата ќе има услови за појава на магла


Администратор
18/10/2020 02:31