Поранешниот премиер на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ а сега коалиционен партнер на СДСМ, во интервју за емисијата 360 степени вели дека Андон Лазов Јанев познат како Ќосето, на кои вмровците најмногу се повикувале бил Бугарин.

- Кога ќе ја погледнете книгата Спомени на Ќосето, на кои најмногу се повикуваат вмровците, напишана од самиот него, вие ќе видите дека Андон Ќосето не прави разлика помеѓу Македонци и Бугари и тоа за него е една иста народна маса. Тој убивал србомани, убивал гркомани, меѓутоа тој себе се чуствувал од таа маса односно бил т.н. бугарски милет во тоа време. Истиот тој човек бил и десна рака на Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандансски и на многу други војводи и комити, истакна Георгиевски.

Инаку, Бугарски милет според најопштата дефиниција е бугарска религиозна, јазична и етничка заедница во рамките на Отоманското Царство во периодот од средината на 19 до почетокот на 20. век. По средината на 19. век класичниот отомански милетски систем почнал да се распаѓа со постојана идентификација на вероисповеста со етничкиот идентитет и терминот "милет" започнал да се користи како синоним за нација.