Мора да се смени составот на Комисијата за заразни болести, ние се знаеме кои сме добри епидемиолози, виролози, микробиолози... треба нов состав, вели за Алфа поранешниот министер за здравство Арбен Таравари. Ова според него е неопхоно во време кога Македонија урива рекорди во бројот на заразени и починати во регионот.

-Ние меѓу лекарите се знаеме кои се добри епидемиолози, виролози, микробиолози, за да направиме таква добра Комиисија дури и да речеме да биде мултидисциплинарен проблемот, не само медицински. Да вклучиме експерти по екологија и по други работи за да функционира како што треба оваа Комисија. Јас гледам Комисијата се толку релаксирани како да ништо не се случува, дури имаше и некои прес конференции го обвинуваа народот дека е крив. Овој народ е сличен народ и во Косово, Албанија, Грција, Бугарија, овие се луѓето Балканци. И како може Грција да има 40 починати на милион луѓе, кај нас да се 400?, вели Таравари.