Дискусии со две фокус групи, согласно сите протоколи и мерки за заштита од Ковид-19 беа одржани во големата сала на Општина Крива Паланка.
На дискусија со месните заедници, локалните институции, невладини организации, просветни и здравствени работници и граѓани за справување со предизвиците и последиците од Ковид-19 пандемијата, Крива Паланка денеска беше утврден приоритетот за отворање пункт за тестирање од Ковид-19.
Дискусии со две фокус групи, согласно сите протоколи и мерки за заштита од Ковид-19 беа одржани во големата сала на Општина Крива Паланка. Се реализираат во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво” што го спроведува НВО – Инфоцентар со поддршка на Меѓународниот центар „Улоф Палме”, Шведска, а вклучени во имплементацијата на локално ниво се граѓанските организации „Спектар”, „Цик-Цак” и „Норгес-Вел”, Крива Паланка.
-Дискусиите на присутните беа на тема последици од ковид кризата за функционирање на институциите, на граѓанските организации, дали општината има доволно капацитет и средства за справување со последиците, колку и дали е силна соработката на граѓанските организации, состојба со месните заедници и прашањето за нивно правно осамостојување. Утврден е приоритет на граѓаните за отворање пункт за тестирање на Ковид-19 и одделение за прифаќање и прием на суспектни случаи. Исто така, граѓаните бараат и психо-социјална поддршка повеќе отколку материјална, особено возрасните лица, пензионерите, ранливите категории граѓани и лицата со попреченост, а утврдена е и потребата од едукативно влијание врз населението за подигнување на свеста за заштита од Ковид-19, носење заштитни маски и превенција, информира Жаклина Цветковска од НВО „Спектар”, Крива Паланка.
Цветковска посочи дека граѓанскиот сектор се изјаснил за потребата од поголема поддршка од страна на општината во услови на Ковид-19 пандемијата, а пак претставниците од невладините организации иницираа подигнување на свеста за волунтаризам и поддршка на локалното население во претстојниот период кога е се поизвесно присуство на нов бран Ковид-19 кризата