Коалиција Mенуваме очекува Делегацијата на Европската Унија да се вклучи во процесот на имплементација на препораките за членство во ЕУ, со исполнување на обврските кои државата ги има согласно Партнерство за пристапување на земјата. . Примарен фокус на нивното Барање за медијаторство и ревизија е ставен на унапредување на правата на лицата со попреченост, односно:
– во Уставот на Р.С.М.член 9 и 118 каде се загарантирани човековите права – Промени во Закон за здравство – Промени во Закон за образование – Промени во Закон за социјална заштита – Промени во Закон за правда – Воведување институција Народен правобранител за лица со попреченост – Проактивно учество на целните групи во политиката и воопшто сите сфери на општествениот живот
-Одговорноста за зајакнувањето на улогата и влијанието на организациите од граѓанското општество се наоѓа кај поединечните земји. Сепак, ЕУ исто така игра улога. Таа воедно и обезбедува финансиска помош за проектите на граѓанското општество преку нејзиниот Инструмент за претпристапна помош и едукација (ERAZMUS+)- велат од Коалицијата.
Барањето за медијаторство и ревизија ќе биде доставено и до Канцеларијата на Обединетите Нации во Македонија, Канцеларијата на Светска Здравствена Организација и УНИЦЕФ, а во БАРАЊЕТО ЗА МЕДИЈАТОРСТВО и РЕВИЗИЈА се содржани и наведени референците од:
– Конвенција за правата на детето на ОН – Конвенција за правата на лицата со попреченост на ОН – Агенда 2030 и Стратегија за еластично општество на ОН – Препораки од Светска Здравствена Организација
Ова се дел од нивните барања и активности за кои е потребно медијаторството и посредување на ЕУ:
1. Барање за ревизија на процесот на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
– Претставка до Народен Правобранител (воведување на независна комисија за ревизија на условите за доделените грантови од 2018 до 2020 од страна на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата на ERAZMUS+) – Воведување на „Посебни обуки и рехабилитација” (ангажман на стручни и специјализирани персонални асистенти) – Социјални работници (водење на интегрирано индивидуално досие) – Инклузија и интеракција во сите сфери на општественото живеење (културни, уметнички спортски и други инклузивни настани и активности) – Осамостојување, обука и вработување на лица со попреченост
2. *Пилот проекти / Аутистичен спектар, АСД, Аспегер / Даунов синдром /праде вили, Церебрална парализа, Параплегија, Квадриплегија / Слепи и слабовидни /
3. Барање за имплементација на препораките од Светска Здравствена Организација и Обединети Нации согласно:
– Агенда 2030 и Стратегија за еластично општество на ОН – Рехабилитација базирана на заедницата – иницијатива на ОН