Во касарната „Гоце Делчев” во Скопје денеска ќе се изврши примопредавање на донација, што Словачка ја обезбеди за Македонија преку механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, како поддршка во борбата против КОВИД – 19.
Како што е најавено, на примопредавањето ќе присуствуваат Никола Димитров, заменик – претседател на Владата задолжен за европски прашања и Национален координатор за странска помош во земјава, амбасадорот и шеф на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир, амбасадорот на Словачка Хенрих Маркуш и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски.