„Соработката помеѓу Претседателот и граѓанските организации“ е насловен Националниот форум, на кој воведно излагање е најавено дека ќе има претседателот на државата Стево Пендаровски.

Како што е најавено од Цивика Мобилитас, Националниот форум ќе го отвори Сибил Сутер Техада, амбасадорката на Швајцарија, а во фолусот на дискусиите ќе бидат областите во кои работат граѓанските организации имајќи ги предвид актуелните општествени текови.

Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика Мобилитас е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.