Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски преку социјалните мрежи објави дека е позитивен на ковид-19.

Тој вели дека засега се чуствува добро и нема никакви проблеми.

- Зарем некое зло ќе ме одмине. Нема шанса, ПОЗИТИВЕН сум на тестот за Ковид. Немам никакви проблеми се надевам ќе остане така и до крај. Да сте живи и здрави се гледаме после карантинот, информираше Тарчуловски.