Откако во јавноста излегоа информации во врска со набавка на луксузни возила во вредност од околу 90.000 евра од страна на директорката на Националната агенција за образовни програми и мобилност Лидија Димова, одговорајќи на новинарски прашања истакна дека возилата не се купени туку се изнајмени на лизинг и се на користење во времетраење од три години.
Како што е познато, беше објавено дека во 2018 година, Агенцијата набавила „фолксваген пасат“ во вредност од 45.327 евра и „фолксваген тигуан“ вреден 43.576 евра. Димова објасни дека станува збор за тригодишен лизинг на возилата, во вкупна вредност од 90.000 евра.
Таа додаде и дека од Брисел не и дозволиле да се купат возила туку и било посочено дека може да се изнајмат.