Шломо Сулејман, најстариот Израелец, почина на 117години, објавија израелските медиуми.

Тој починал опкружен од членовите на семејството, шест деца и десетина внуци, правнуци и чукунвнуци.

Сулејман со сопругата и четирите деца во 1949 година пристигнал во Израел од Јемен. Другите две деца се родени во Израел. Тој со семејството живееше во приморскиот град Натанија и по отслужувањето на воениот рок работеше како земјоделец. Неговата сопруга почина пред неколку години на 94–годишна возраст. Внукот на Сулејман,Гил Радиа изјави дека неговиот дедо секој ден одел во синагога и оти до последен момент бил со бистар ум. Тој истакна дека тајната на долговечноста на Сулмејан била малку храна и физичка активност. Поради пандемијата со Ковид-19 последните месеци не го напуштал домот.

Сулејман,како што тврди семејството, роден е во 1903 година, со што беше и еден од најстарите луѓе во светот.

Највозрасна во светот во моментот е Јапонката, Кане Танака која има117 години и 283 дена.


Администратор
12/10/2020 20:26