Детската градинка „Рада Поцева" од Кавадарци ја одбележа Неделата на децата со бројни активности и во согласност со протоколите за заштита од вирусот Ковид-19.

– На шарени балони ги испишавме правата на децата, а и разговаравме со нив на оваа тема. Низ психолошки работилници, игри и активности ги запознавме со тоа како да ги разликуваат своите чувства. Имавме и музички хепенинг, ликовни игри и куклени претстави. Разговаравме и за приборот за лична хигиена, за да се заштитиме себеси и своето здравје, информираше директорката Цанка Добринова.

Таа нагласи исто така дека биле застапени и спортски активности.

– Неделата на детето е само уште една обична недела што треба да не потсети дека светот постои за децата и дека детето е дете, да се сака секој ден, а нејзиното одбележување е само потсетување дека децата се тука, тие се важни и тие имаат свои права, додаде Добринова.