Седум до десет ученици од второ одделение од Основното училиште „Коста Рацин” од радовишкото село Подареш ќе бидат ставени во изолација, откако нивен соученик на седумгодишна возраст е позитивен на тест за коронавирус.

Информацијата ја потврди директорката на Центарот за јавно здравје во Штип, Марија Димитрова.

-Останатите ученици од прво и од трето одделение, кои посетуваат настава во ова училиште не се ставаат во изолација, бидејќи според анкетата немале контакт со учениците од второ одделение, .

Додаде дека одлуката да се стават децата во изолација ја донеле попладнево во консултациja со епидемиолог од Радовиш.

Ова е прв заразен ученик во источниот и југоисточниот регион, кој наставата ја следи со физичко присуство во училиштетo