Трета по ред експертска панел дискусија „Катедра Аденауер 2020: Постизборни предизвици и ЕУ перспективи“ ќе се одржи денеска во Битола.
Како што најави Фондацијата Конрад Аденауер, теми на дискусијата ќе бидат: Создавање парламент што одговара на потребите на граѓаните – дилеми и решенија; Улогата на политичките партии во создавањето на општествена кохезија; Влијанието на граѓанското општество врз политичките процеси; Образованието како алатка за идните генерации во општеството по пандемијата од Ковид-19; како и Предизвици на патот кон европеизација на македонскиот политички систем.
Настанот, наведуваат, ќе биде организиран во согласност со сите безбедносни протоколи за заштита од коронавирусот.