По повод први октомври, Меѓународниот ден на старите лица, во организација на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Кавадарци, денеска се реализираа неколку активности.

– Сите тие активности беа со цел да се информираат граѓаните за стратешките цели на Декадата на здраво стареење 2020/30, донесена од страна на СЗО. Исто така, да се подигне јавната свест за здравствените потреби на постарите лица, а посебно да се зголеми разбирањето за влијанието на корона вирусот врз постарите лица, нагласија од Црвен крст Кавадарци.

Беа реализирани работилници од волонтерите на Црвениот крст, беа изработени паноа на хамер со силни пораки за грижата и правата на старите лица и на градскиот плоштад на случајни минувачи им беа поделени едукативни флаери со пригодна содржина за грижа и нега на старите лица.


Администратор
01/10/2020 17:35