Тетовската полиција откри уште девет комби возила кои вршеле јавен превоз без соодветна лиценца. Со акцијата од 25 септември кога беа откриени седум вакви превозници, сега вкупно се опфатени со санкции 16 комби возила.

-Секторот за внатрешни работи Тетово продолжи со засилени контролни активности за откривање и законско санкционирање на возила, односно возачи кои вршат јавен превоз на патници без потребните лиценци, а чии носители се Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Отсекот за економски криминал. Спроведени се контроли вчераод 9 до 13 часот на регионалните патишта Тетово-Волковија и Тетово-Пирок. По целосното расчистување и документирање, на сопствениците на возилата ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, кривични и прекршочни, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во оваа акција откриени се и санкционирани 17 лица кои не користеле заштита на лицата.


Администратор
30/09/2020 15:20