Неодговорни сопственици ги оставаат своите кучиња без надзор, па тие напаѓаат луѓе и други миленици како и бездомни кучиња во станбениот комплекс Блок 70, алармираат тамошните жители и бараат начин на надминување на состојбата.

Според објавите на социјалните мрежи станува збор за повеќе видови кучиња кои иако се со ремчиња се пуштаат и се движат и како група.

-Има акита, хаска, и други видови домашни миленици кај кои се заблежуваат ремчиња, велат граѓаните во групата Бездомни животни на социјалната мрежа Фејсбук.

Чести се нападите врз луѓето, па се чувствува небезбедност.

-Во Блок 70 жена е нападната, фудбалер на Шкендија. Ова е чопорот што напаѓа, повеќето се домашни миленици, ама со неодговорни сопственици кои ги пуштаат без надзор. Од истите страдаат и улични кучиња но и ние не можеме со нашите миленици да излеме надвор затоа што се агресивни, пишуваат тетовци.

Долго време и бездомните кучиња се проблем за тетовци. Често пати и во полицијата се пријавуваат нападите и каснувањата од кучињата.

Од мај 2019 година досега има објавено три тендери со цел за згрижување и третирање на кучињата скитници во општината.

Во јули годинава тетовската градоначалничка Теута Арифи изјави дека општината годинава не планира повеќе средства за справување со бездомни кучиња. За посеопфатно и системско работење преку соодветна служба или институција, градоначалничката Теута Арифи не размислува да направи како општина туку во склоп на полошкиот плански регион.


Администратор
30/09/2020 15:19