Хуманиот охриѓанец Димче Каневче им помага на децата од социјално загрозените семејства донирајќи компјутери. Досега успеал да подели 24.

-Не само што немаат комјутер, туку голем дел од нив немат ниту интернет, а исти така голем дел не знаат да ги користат уредите затоа што претходно ги немале. Не е лесно да се влезе во тие семејства, во тие домови каде што може да се забележи се’ само не простор за пристојно и нормално живеење. Сите бевме свесни во еден период кога државата обезбеди компјутер за секое дете и при контакти со училиштата не добив одговор што се случи конкретно со тие комјутери. Мене тоа ме чуди, затоа што сите училници ,сите училишта беа преполни со комјутери кои не се користеа.Претпоставувам дека голем дел беа упропастени од децата, но што е со остнатиот дел,навистина не ми е јасно , вели Каневче за Алфа.

Снабдувањето со комјутери не оди лесно вели тој набавувал делови а потоа ги склопува и испраќа кај кавадарчанецот Борче Стаменов кој ги дотерува до комплетен компјутер. Во моментов има околу 200 семејства кои му се обратиле за помош. Добри луѓе секогаш ќе се најдат, но што прави државата, прашува Каневче.


Администратор
30/09/2020 02:20