Поддршката на граѓаните и стопанството продолжува и никој нема да биде изоставен. Четвртиот пакет економски мерки кој се однесува на делот на директна поддршка преку ваучери опфаќа над 283.000 граѓани, а нејзината вредност е 27,6 милини евра, рече денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика Јагода Шaхпаска.

Оваа криза, оцени таа, има само една позитивна страна, а тоа е зајакнување на солидарноста во општеството затоа што само таа може да не одржи да опстанеме.

– Солидарноста не крепи сите и никој да не биде заборавен, ниту изоставен. Сите граѓани се важни и многу е важно помшта да стигне онаму каде што е најпотребна. Овој владин состав исто како и претходниот е столб на кој ранливите категории на граѓани секогаш ќе може да се потпрат. Помошта е наменета за сите не оставаме никој незгрижен, заедно ќе се избориме и со вирусот и со последиците кои ги наметнат, укажа Шaхпаска.

Одговарајќи на новинарско прашање за помош на најранливите категории при купување информатичка опрема Шaхпаска упати на новата мерка – Викенд без ДДВ на 10, 11 и 12 октомври, каде ќе има намалување на данокот за купување на опрема.

Најранливите категории, рече, се на врвот на нашата агенда.Во изминатиот период го олеснивме пристапот на граѓаните за добивање гарантирана минимална помош . Го зголемивме опфатот на приматели на гарантирана минимална помош од 27 илјади пред почетокот на кризата на 32 илјади, а зголемен е и бројот на деца кои примаат образовен додаток.