БЕГ, ЕСМ Енергетика и Скопје Север ги имаат направено сите неопходни подготовки за старт на грејната сезона и се целосно подготвени и не очекуваат никакви проблеми. Поради инвестиции во дистрибутивната мрежа на БЕГ и оптимизирање на нивните капацитети за производство на топлинска енергија, потрошувачите топлинската енергија ќе ја добиваат околу 6:00 часот, особено во Аеродром, Кисела Вода, Дебар Маало и Карпош Еден, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски.

Вообичаено, додаде тој, грејната сезона започнува на 15 октомври и трае до 15 април наредната година. Снабдувањето со топлиснка енергија може да започне и од 1 октомври доколку прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден во периодот од 1 до 15 октомври е помала или еднаква од 12 степени целзиусови, според податоците на УХМР.

Тој на денешната прес-конференција посочи дека на барање на РКЕ денеска се одржа координативен состанок со снабдувачите на топлинска енергија Снабдување со топлина БЕГ, ЕСМ Енергетика и Скопје Север. Претставниците на енергетските компании, како што кажа, разговараа со регулаторите за подготвеноста на топланите за снабдување со топлинска енергија во пресрет на новата грејна сезона 2020/2021 година.

– Добивме информација од компаниите кои вршат дистрибуција и снабдување со топлинска енергија дека се во постојана комуникација со потрошувачите со цел да ги подготват и системите кои ги има секое домаќинство. Уверени се дека се 100-процентно поодготвени за новата грејна сезона. Особено не реадува што производството на топлиснка енергија од когенеративната постројка ТЕ-ТО ќе биде значително поголемо оваа грејна сезона отколку во претходните што е добро бидејќи нивната цена втора година по ред е за 15 проценти пониска од цената на топлинскат аенерија која ја даваат топланите, рече Бислимоски.

Инаку, сите три топлани согласно препораките од Министерството за здравство се соодветно организирани во тимови кои ќе работат на смени се со цел да им излезат во пресрет на потребите на потрошувачите. Во изминатиот период поради состојбата со Ковид-19 најголем дел енергетските компании ги дигитализираа услугите, за информирање и пријавување на дефекти за сервис преку соодветни платформи на нивните веб страни.

Во Скопје вкупно околу 60.000 домаќинства и објекти се греат на топлинска енергија. Од почетокот на годината до сега има околу 1.000 нови потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на топлина од кои 15 на топланата Север што е прв таков случај по 15 години.


Администратор
29/09/2020 18:02