Ниту не ставија во новиот пакет мерки, ниту пак министерката Јагода Шахпаска не удостои со јавно обраќање - мајките на продолжено породилно отсуство се разочарани од одлуката на владата да се вратат на работа по секоја цена. До власта не допреа нивните барања доставени заради тоа што, како што велат, немаат излез како да ги чуваат децата а истовремено да одат и на работа. Во градинките и натаму нема место за децата на сите родители што се вратени на работа.

-Ние сме револтирани што на самиот прес на владата не бевме воопшто спомнати.Ниту пак беше одговорено.Тоа беше така некако скриено во статус на фб на Шахпаска каде што таа кажува породилното не би било продолжено затоа што еден месец не би сменило ништо.Очигледно како главна на МТСП не и јасно колку треба едно дете да се адаптира во градинка и која документација е потребна. Не револтира тоа што во сетот нови антикризни мерки на владата децата буквално се ставени на последно место...дури и нема место за децата во градинките. За сите се најде некаков начин да се згрижат финансиски меѓутоа за мајките кој што ја изгубија работата што имаат деца мали не се најде решение – вели за Алфа Катерина Стојчевска Тодоровска – родител.


Администратор
29/09/2020 02:22