Победниците на локалните избори да ги исполнат своите ветувања „праведно и одговорно“ побара денеска романскиот претседател, Клаус Јоханис, и апелираше промената на власта на административно ниво да се организира што е можно побрзо.

Јоханес им честиташе на сите кои освоија мандати на овие локални избори, но предупреди дека нивната мисија нема да биде лесна, бидејќи очекувањата на луѓето се многу големи.

-Победниците на изборите искрено и одговорно да ги исполнат своите ветувања, со цел да покажат дека навистина се во служба на оние кои им ја дадоа својата доверба, побара претседателот Јоханис, пренесе „Аџерпрес“.

Тој потсети дека земјата е во екот на големата криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот и дека вклученоста на сите фактори е основа за успех во управувањето со оваа сложена ситуација.


Администратор
29/09/2020 00:11