Крешимир Здравески е родител од Прилеп, меѓу своите сограѓани познат како фризер и стилиста - кој има и своја академија за обука на млади фризери.Одлучи отворено да проговори за апсурдот на учење онлајн во Македонија. Пред се спорното според него е што самото министерство за образование ги крши законите, оти според нив - образовниот процес во Македонија е бесплатен. -На таблет и на смратфон, дете или возрасен да учи, очите ќе му истечат, да се изразам народно. И се надевам дека и во Министреството ќе успеат да се потрудат да разберат, и каде што мозочето ќе му врие буквално, концентрацијата нема да му биде во образованието, туку ќе му биде за да се мачи, затоа што платформата не е направена за таблет и смартфон, затоа што постојано ќе мора да се поместува страницата, или наставниот материјал, вели Здравески за Алфа.

Тој направил пресметка за тоа колку ќе чинат два компјутери за неговите две деца:

-Конкретно за тие две конфигурации, сосе монитор, со одредени пиксели, тоа ни е напишано какви пиксели треба да има, какви резолуции, неизбежни се 1.200 евра. Тоа е научна фантастика во оваа Ковид-криза за една Германија, а камо ли за една држава како нашата, вели Здравески.

Здравески тврди дека овде има и кршење на Законот, ако се земе предвид фактот дека основното и средното образованието во земјава се бесплатни. Според него, и користењето на таблетите и смартфоните, како алтернатива, е недопустливо, а и неадекватно за препорачаната платформа.

„На таблет и на смратфон, дете или возрасен да учи, очите ќе му истечат, да се изразам народно. И се надевам дека и во Министреството ќе успеат да се потрудат да разберат, и каде што мозочето ќе му врие буквално, концентрацијата нема да му биде во образованието, туку ќе му биде за да се мачи, затоа што платформата не е направена за таблет и смартфон, затоа што постојано ќе мора да се поместува страницата, или наставниот материјал“, -објаснува Здравески.

Инаку, во саботата, во телефонски пораки им биле испратени и новите напатствија, кои според Здравески се повеќе од иритирачки.

„Секој ден, нов шок…Денеска добивме напатствие од МО дека утре учениците треба во 10 часот задолжително да бидат вклучени на пробниот час. Повторувам – задолжително. Дали некој нас не праша дали сме ние технички, технолошки, финасиски, интернетски спремни, и како семејства, и како држава?! прашува тој.