Јавна онлајн дебата на тема „Влијанието на новите политики и трендови врз (не)транспарентноста на јавните институции“ ќе биде одржана денеска во орагнизација на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на – ЕСЕ.

На дебатата ќе бидат презентирани резултатите од спроведениот мониторинг за транспарентноста на 100 јавни институции меѓу кои и петнаесет министерства во Владата на Република Македонија. Исто така, ќе се дискутира за тоа кои мерки треба да се преземат, со цел да се зголеми отчетноста на јавниот сектор пред граѓаните.

Проектот е поддржан од Европската Унија и од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Онлајн дебатата ќе се одржи преку апликацијата Zoom со почеток во 11:00 часот. На почетокот на настанот се предвидени изјави за медиумите кои ќе можат да се проследат преку линкот: https://us02web.zoom.us/j/84759779802?pwd=MDgzTk5WZVYxQjV4Unp3MlpOMDBTUT09.