Сениорскиот државен првак и член на Младост 96, Кристијан Станојковски претрпе два пораза, колку што загуби во изминатите седум, осум години.

Во четвртото коло то беше совладан убедливо со 3:0 од ветеранот Роберт Михајловски од екипата на Нец, додека во петото коло во неизвесен натпревар загуби од Филип Младеновски од Шампион ФА.

И покрај поразите на Станојковски неговата екипа се осамостои на врвот на Суперлигашката табела со пет победи од пет одиграни кола.

Резултати од 4 и 5. коло од пингпонгарската Суперлига:

4.коло: Работнички – Младост 0:4 Струга – Радовиш 3:4 Вардар – Крива Паланка 2007 2:4 Нец – Младост 96 1:4 Шампион ФА – Нец 2 4:3.

5. коло: Нец 2 – Работнички 2:4 Младост 96 – Шампион ФА 4:1 Крива Паланка 2007 – Нец 4:1 Радовиш – Вардар 1:4 Младост – Струга 4:1