Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Македонија, истакнал бугарскиот премиер Бојко Борисов во денешниот телефонски разговор со претседателот на Владата Зоран Заев.

Двајцата премиери, како што соопшти владината прес-служба, изразиле увереност дека двете страни остануваат ангажирани во спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соретседателот нааботка.

Во телефонскиот разговор станало збор и организација на скорешна посета на премиерот Заев на Бугарија, како и за заедничко охрабрување на работата на историските комисии за изнаоѓање заеднички решенија прифатливи за двете страни.

Во фокусот на разговорот Заев-Борисов бил Берлинскиот процес и заедничкото успешно претседавање кое е особено важно за зајакнување на регионалната соработка и интеграција на регионот во ЕУ, како и подготовките за претстојниот главен самит кој ќе се одржи во текот на ноември во Софија.

Двајцата премиери разговарале и за заедничката соработка во заштитата од пандемискиот вирус КОВИД-19, особено имајќи ги предвид искуствата на Бугарија во обезбедувањето заштитна опрема за стручниот персонал и за граѓаните.

Била потенцирана и определбата на премиерите, двете држави и граѓаните за целосно искористување на можностите кои постојат за унапредување на економската соработка.


Администратор
27/09/2020 22:27