Италијанскиот тинејџер Јаник Синер покажа дека не случајно многумина го сметаат за еден од најголемите млади таленти во тенисот во моментот.

Во своето деби на „Ролан Гарос“, 19-годишниот Синер не му даде ни сет на далеку поискусниот Белгиец Давид Гофен. Италијанецот го победи со 7: 5, 6: 0, 6: 3 и се пласираше во второто коло на Гренд-слем турнирот во Париз, кој започна денес.

Треба да се напомене дека натпреварот се играше со ограничен број на гледачи под новиот покрив на централниот терен „Филип Шатрие“.

Покривот се користи за прв пат во историјата на турнирот.


Администратор
27/09/2020 14:18