На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 66 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 38 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 167, позитивни и сомнителни на Ковид-19.