Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж внимателно го гледал самоубиството на поранешниот генерал на БиХ, Слободан Праљак, во Хашкиот трибунал пред три години и размислувал за самоубиство додека бил во еквадорската амбасада во Лондон, изјави д-р Сондра Крозби на сослушување во лондонскиот суд.

Таа кажа дека за време на нејизните четири посети на еквадорската амбасада во Лондон забележала видливо влошување на неговата психичка и физичка состојба и дека за време на нејзината посета во февруари 2018 година, Асанж ги имал првите мисли за самоубиство и неколку пати го гледал самоубиството на Праљак, пренесуваат американските медиуми.

Според неа, Асанж и признал дека го запирел кадарот во моментот кога Праљак го испива отровот и го анализирал неговото лице.

Адвокатите на Асанж истакнаа дека тој навистина може да изврши самоубиство доколку биде испратен во САД, кои го обвинуваат за шпионажа, и посочија на неговата влошена ментална состојба за време на неговиот седумгодишен престој во еквадорската амбасада и на неговото исфлање оттаму во април 2019 година и префлање во британскиот затвор.

Крозби рече дека за време на посетата на Асанж во затворот „Белмарш“ во Лондон во октомври минатата година, забележала дека Асанж е многу депресивен и дека по илјада пати на ден зборувал дека размислува за самоубиство.

Психологот Најџел Блеквуд, пак, рече дека е можно да се управува со ризикот од самоубиство на Асанж.

-Факторите на ризик можат да се променат. Асанж е многу издржлив и снаодлив човек кој е на најблискиот крај на спактарот на аутизам. Сепак, тој работеше на високо ниво во водењето на многу успешна организација, рече Блеквуд.

Сослушувањето на Асанж за неговата евентуална екстрадиција во САД треба да трае до почетокот на октомври.


Администратор
25/09/2020 15:39