Граѓанската асоцијација Аваја, која се бори за заштита на правата на ромите во Македонија, преку социјалните мрежи организираше он лајн вклучување на ромите кои беа претепани од полицајците во Битола.
Според Елвис Шаќири од граѓанската иницијатива АВАJА, во вторникот, тројцата Роми со автомобил направиле сообраќајна несреќа и удриле во бетонски ѕид. Во непосредна близина на сообраќајката имало сообраќајна полиција, која како што вели Шаќири, дошла на местото на настанот и без причина полицајците ги извадиле лицата од автомобилот и започнале брутално да ги тепаат.
Сведочат дека биле задржани во полициска станица до 5 часот изутрина, како и дека веднаш штом пристигнале во станицата, тие биле малтретирани и омаложувани, нарекувани со навредливи зборови и тепани.
Од Аваја најавија и протести против полициската бруталност врз ромите.