Ново видео од полициска бруталност, односно видео на кое се гледа како полицајци тепаат граѓанин се појави на социјалните мрежи, откако денеска во јавноста беше објавена и снимка на тепање на граѓани од Битола кои се дел од ромската заедница.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како полицајци запираат автомобил и од него брутално тегнат и тепаат луѓе.

За овој случај, од МВР немаше информација, а според неофицијалните информации станува збор на настан кој се случил во главниот град.


Администратор
25/09/2020 03:44