Европската унија уште еднаш ги повика албанските власти да го стават во функција Уставниот суд, кој не функционира речиси три години.

Комесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји рече дека го поздравува отворањето на постапката за двете слободни места во Уставниот суд.

Според него, властите треба да го поддржат овој процес без одлагање и да го завршат до Првата меѓувладина конференција меѓу Албанија и ЕУ.

-Го поздравувам отворањето на постапките за аплицирање за двете слободни места во Уставниот суд. Од суштинско значење е сите авторитети да го поддржат овој процес без одлагање. Ова е клучно барање на Европскиот совет. ЕУ продолжува да ја поддржува Албанија на нејзиниот пат за прием, напиша тој на Твитер.

Во меѓувреме, амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца оценува дека обезбедувањето на функционалност на Уставниот суд е критичен процес.

Тој ги повика кандидатите квалификувани за тоа да дадат придонес во спроведувањето на реформата во правосудството.

-Обезбедувањето целосна функционалност на Уставниот суд е критично. Ги повикуваме судиите, академиците, адвокатите и високо квалификувани јавни службеници да аплицираат и да придонесат за тековната имплементација на реформата во правосудството и да дадат помошта за да се оди напред на патот кон пристапувањето, напиша Сореца на Твитер.

Претходно и американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, порача дека Уставниот суд треба да профукнционира до крајот на годинава.


Администратор
24/09/2020 21:54