Со изборот на членови на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со сигурност ја потврди режимската матрица на оваа партија со која всушност раководи Никола Груевски.

Составот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, скроен по желба на Христијан Мицкоски има единствена цел да му ја спаси лидерската фотелја во белата палата.

Со изборот на Рашела Мизрахи, за член на Извршниот Комитет, се потврдува дека ВМРО ДПМНЕ е против интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Мицкоски ја избра токму Рашела Мизрахи да го брани пред своите, пред членовите на ВМРО ДПМНЕ, истата која како министерка во техничката Влада, ги спроведуваше деструктивните политики на Мицкоски, за што го прекрши Уставот и постоеше опасност да го загрози евроинтегративниот процес на земјата.

Наместо да работи на обезбедување услови за фер и демократски избори, што е и главната е единствена функција на техничката Влада, Мизрахи спроведуваше евтин популизам, водена од партиските интереси и интересите на Мицкоски, за што и беше разрешена од Собранието на Република Северна Македонија.

Главната цел на Мицкоски, која што се обидуваше да ја реализира преку Мизрахи беше да се поткопа успехот на државата и да се загрози процесот за влез во Европската Унија.

Мицкоски и неговиот Извршен Комитет немаат намера да делуваат конструктивно, ниту сакаат државата да ја видат во ЕУ.

Единствената цел е спас на Христијан Мицкоски и спроведување на наредби од Никола Груевски.

Со Мицкоски и Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и натаму останува недемократска партија, посветена само на одбрана на криминалот.

Граѓаните тоа го гледаат и токму затоа три пати по ред ги казнуваат.

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ


Администратор
24/09/2020 15:39