Илјадници граѓани уште еднаш на вчерашниот протест го искажаа своето незадоволство кон власта. Луѓето кои вчера присуствуваа на протестот се жртва на власта, односно се предмет на мобинг во јавната администрација, во јавните претпријатија во локалната администрација.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски до власта достави четири барања.

Прво барање е мафијашката власт да си го исполни ветувањето и да дадат можност опозицијата да предложи независен и непристрасен јавен обвинител кој ќе го исече од корен криминалот почнувајќи од првото дело па се до завршувајќи го последното. Без разлика на политичката припадност.

Второ барање под итно да се спречи реваншизмот, да престане реваншизмот притисоците и политичките етикетирања во администрацијата, војската, министерството за внатрешни работи.

„На сите врз кои им е нанесена неправда, без оглед на припадноста и политичката ориентација ВМРО-ДПМНЕ им нуди бесплатна правна помош. Обратете се до нас и тим на адвокати и правници ќе ви помогнат. ВМРО-ДПМНЕ им нуди бесплатна правна помош. Сите оние кои што се чувствуваат обесправено и под притисок се на власта, цел се на реваншизам од власта, ВМРО-ДПМНЕ им стои на располагање за бесплатна правна помош. Обратете се до нас, до нашиот тим на адвокати и правници, но и оние кои што решија да волонтираат токму за вас, да ви помогнат за да и ставиме крај на мафијата и ова безкурполозно однесување на мафијата“, истакна Мицкоски вчера на протестот.

Трето барање е државава во моментов е без Комисија за заштита од дискриминација. Најитно да се формира таа комисија и да се донесе Законот за заштита од дискриминација. Мора оние кои се подложни на уцени, закани да бидат заштитени!

Четврто барање е сите предмети кои се познати во јавноста каде е почувствувано неправда, притисок, уцена и реваншизам, каде правдата не е заштитена, сите предмети за криминал за кои власта сега молчи ќе бидат отворени и предмет на ревизија, а подеднакво ќе биде предмет на анализа и зошто не се постапувало, а требало да се постапува.

„Не може да има владеење на правото ако не се открие кој и зошто ги полнеше кутиите на референдумот, па имавме избирачки места со излезеност поголема од 99%. Не може да има владеење на правото, ако не се открие кој ги слушаше обвинителите и судиите. Сетете се само некако како јавноста да подзаборави на ова слушање на обвинителите и судиите кои што се обелодени на крајот од 2018 година“, рече вчера Мицкоски.

Мицкоски вчера посочи дека не може да има владеење на правото, ако не се откријат имињата на сите оние кои што се инволвирани во „Рекет 1“, „Рекет 2“ од прв до последен да одговараат за тоа што сториле.

Народот ќе ја победи мафијата и ќе дојде правдата во нашата држава.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Администратор
24/09/2020 12:38