СДСМ се фали дека креира развојна економија за да се спречи економската криза, а поради нивната неспобност од почетокот на пандемијата над 40 000 граѓани ги изгубија своите работни места.

Се фалеа дека спроведуваат четврт сет на мерки, а не успеја да ги спроведат мерките од третиот сет. Без никаков срам се фалат за четвртиот сет на мерки, кога остана само празно и неисполнето ветување пред граѓаните.

Поради нивната неспобност Република Македонија има историски најголем пад на БПД од 12.7%. Потрошија 1 милијарда евра, а нема никаков раст, напротив само државата се повеќе тоне.

Додека Заев краде милионски суми од државата, полиција го казнува 50 евра. Тоа не е доказ дека во Македонија има правда. Пред очите на правдата додека државата се повеќе тоне и граѓаните живеат се посиромашно, Заев ја поскапува цената на струјата, а на сметка на тоа се доделува милионски тендер кој завршува директно во џебот на Вице Заев.

Компанијата „СВ Инвест“ која го доби овој милионски тендер од државната електрана РЕК Битола се поврзува со братот на Зоран Заев, без притоа да поседува механизација со која ќе ги извршува работите.

Заев не е решение на проблемите, тој е проблемот. Заев не се бори против криминалот, Заев го прави криминалот.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Администратор
24/09/2020 12:24