Денеска започнува дводневната финалната конференција за проектот „БалканМед ИННОВА“, финансиран од Европската Унија.
Цел на конференцијата, што ќе се одржи онлајн, е да ги промовира резултатите и придобивките од проектот, како и да придонесе за промоција на претприемништвото во регионот.
На настанот ќе учествуваат панелисти претставници од партнерските организации од Северна Македонија, Грција, Албанија, Бугарија и Кипар, како и претставници од компании и од граѓанскиот сектор од овие земји.
Проектот „БалканМед ИННОВА“, кој започна во 2017 година, имаше за цел низ обука, размена на знаења и искуства, како и трансфер на технологии да овозможи поддршка на веќе постоечки мали и средни претпријатија, како и на сите потенцијално нови стартапи. Проектот беше насочен кон претприемачите, а целта е тие да се здобијат со нови знаења и вештини и истите да воспостават контакти со бизнис заедниците од земјите партнери на проектот.